Мајката на Нина Сеничар ја загуби битката што ја водеше против најтешката болест.
Оваа вест ја сподели токму водителката и манекенка, која откри со што се соочува нејзиното семејството, како и големата загуба што ја доживеала знаејќи дека нејзината мајка повеќе ја нема.
„Минатата недела, по голема седуммесечна борба, мајка ми почина. Мојата Славица е лавица. Се бореше како што живееше, со достоинство и храброст. Ракот зеде навидум совршено здрава 61-годишна жена за само неколку месеци. Решив да го споделам со вас само од една причина. Земете ја мајката, бабата, тетката, соседот, пријателката за рака и однесете ја на преглед на матката и градите. Една од пет жени добива тумор на матката и една од три добива тумор на дојка. Туморот може да расте со години без никакви симптоми и кога ќе почнат симптомите може да биде предоцна“ напиша Нина.
Таа додава дека ако „спаси“ барем една жена со ова, смртта на личноста што ја сака најмногу на свет можеби ќе има малку повеќе смисла за неа.
