Почина момчето кое мајка му го поли со бензин и го запали!

Младиот А.Т.(26) од Српска Црна, кој се здобил со тешки повреди откако мајка му го полила со бензин и го запалила, починал утрово во Клиничкиот центар на Војводина во Нови Сад, јави РТС.

Младиот човек со изгореници опасни по живот итно бил префрлен на Клиниката за анестезија, интензивно лекување и терапија на болка на Клиничкиот центар во Војводина, каде по седум дена им подлегнал на повредите.

На мајката на С.М и е изречена мерка притвор до 30 дена, а бидејќи смртта настапила по кривичното дело, случајот најверојатно од Основното јавно обвинителство Кикинда ќе биде префрлен во Вишото јавно обвинителство во Зрењанин.

С.М.(44) која издржува казна домашен притвор со електронски мониторинг го полила и запалила синот кој дошол да ја посети со бензин.

Претходно меѓу двајцата дошло до расправија.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното