Балкан

Почина поранешниот претседател на Албанија

Почина поранешниот претседател на Албанија

“Со длабока тага денеска ја примив веста за смртта на мојот пријател, поранешниот претседател на Република Албанија Бујар Нишани”, објави на Фејсбук Али Ахмети.

Тој додава:

Неизбришливи во нашите сеќавања ќе останат годините на неговото вклучување во националната политика, а од средбите што ги имавме заедно секогаш ќе се сеќава на ентузијазмот и грижата што ја покажуваше кога на преговарачка маса беше сенародното прашање.

Изразувам искрено сочувство до чесното семејство Нишани, пријателите и соработниците на претседателот Нишани!

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни