Почина познатиот комичар: Ќе го паметиме по овие серии од седумдесетите

Познатиот актер и комичар Брајан Марфи почина на 92-годишна возраст.

Брајан почина во неделата наутро во својот дом во Кент, пренесува The Sun.

Ќе остане запаметен по улогите во популарните британски серии од 1970-тите, „Man About the House“ и „George and Mildred“.

Во тажната прилика, неговиот пријател и агент Томас Бовингтон го опиша како „добродушен човек“, особено истакнувајќи го неговиот талент и хуманост.

Освен многубројните улоги, Марфи зад себе ги остави и сопругата Линда Реган која исто така се занимава со актерка и два сина.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното