Рускиот амбасадор во Соединетите Американски Држави, Александар Дарчиев, ненадејно почина на 66-годишна возраст, соопшти во средата руското Министерство за надворешни работи.
Причината за неговата смрт засега не е официјално потврдена.
Од руското Министерство за надворешни работи соопштија дека Дарчиев бил исклучителен професионалец и искусен дипломат, кој работел на едно од најсложените полиња на руската надворешна политика.
„Александар Дарчиев работеше во една од најсложените области на руската надворешна политика. Изразуваме најдлабоко и искрено сочувство до неговото семејство и најблиските“, се наведува во соопштението.
Рускиот претседател Владимир Путин го назначи Дарчиев за амбасадор во Вашингтон во март 2025 година. Тој беше долгогодишен дипломат, познат по острите критики кон Западот.
Пред преземањето на амбасадорската функција, Дарчиев извршувал повеќе високи должности во руското Министерство за надворешни работи.