Почина Светлана Броз, внука на Јосип Броз Тито!

Почина кардиологот, писател и активист за човекови права д-р Светлана Броз, внука на некогашниот претседател на Југославија, Јосип Броз Тито.

Таа починала во Белград, а низ својот живот предавала на 52 американски универзитети, како и на 80 европски универзитети.

Почесен граѓанин е на Тузла (БиХ) и носител на Националниот орден за заслуги на Франција, L’Ambrogino d’Oro и La Bussola dell’ Educazione „Margherita Zoebeli“ од Италија; прогласена е и за Праведник во Светскиот парк на праведните во Милано (Италија).

Кремирањето ќе се изврши на 26 март во 14 часот и 15 минути на Новите гробишта во Белград.