Македонија

Почина уште едно лице од западнонилска треска, бројот на жртви се искачи на 11

Почина уште едно лице од западнонилска треска, бројот на жртви се искачи на 11

Бројот на починати од западнонилска треска во Македонија се зголеми на 11, откако е регистриран уште еден смртен случај поврзан со инфекцијата. Во земјава од почетокот на 2026 година досега се евидентирани вкупно 71 заразено лице, покажуваат најновите податоци објавени на специјализираниот портал „Хелталарт“ (Healthalert).

Од вкупниот број регистрирани случаи, 58 лица целосно оздравеле, додека двајца пациенти и натаму се на болничко лекување.

Според објавените информации, во текот на изминатата недела нема новорегистрирани случаи на западнонилска треска.

И покрај отсуството на нови инфекции во последните седум дена, зголемувањето на бројот на смртни случаи ја задржува болеста во фокусот на здравствените власти.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Марина Малиш Саздовска 13.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни