На 78 годишна возраст почина Вељо Тантаров, претседател на Здружението на индивидуални земјоделски производители и поранешен пратеник во Собранието.
Тантаров веше одличен познавач на земјоделските состојби и проблеми во земјава, член на земјоделски тела и комисии, чест гостин во медиумите за теми од областа на земјоделството.
Беше пратеник во парламентот четири години, односно од 1994 до 1998 година.
Погребот на Тантаров ќе се одржи сабота во 12,30 часот во Новаци.
.
