Балкан

Почина Владимир Глигоров, син на покојниот македонски претседател Киро Глигоров

Почина Владимир Глигоров, син на покојниот македонски претседател Киро Глигоров

Владимир Глигоров, син на покојниот претседател на Македонија Киро Глигоров, ненадејно починал денеска во Виена, јави српската телевизија Н1.

Владимир Глигоров во регионот е познат економист и политиколог.

Студирал и магистрирал во Белград, а докторирал на универзитетот Колумбија во Њујорк во 1977 година. Глигоров работеше на Универзитетот во Белград, а потоа во Виенскиот институт за меѓународни економски студии, каде најмногу се бавел со проектот Западен Балкан, поточно со Србија. Македонија и Црна Гора.

Во истражувањата се бавел со долгорочниот раст во земјите во транзиција, со макроекономски анализи и со финансиските пазари.

Владимир Глигоров имаше 78 години.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни