Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски вчера соопшти дека е почната постапка за одземање на лиценцата за работа на „Беса транс“ бидејќи од добиените сознанија превозникот вршел меѓународен превоз без извод од лиценца за автобусот, а Владата го задолжила Државниот инспекторат за транспорт да изврши вонреден инспекциски надзор.
Опожареното возило не било пријавено од страна на превозникот согласно член 11 став 5 од Законот за превоз во патен сообраќај и поради тоа возилото го нема во електронската база на податоци на Министерството за транспорт и врски.
-Не можеме да знаеме во овој момент додека трае истрагата дали и колку пати ова возило ја напуштило државата и вршело ваков тип на превоз и транспорт, рече Бочварски на новинарско прашање за контролите на автобусот.