„Под урнатините сè уште ѕвонат мобилни телефони“ – екипи од Македонија во Албанија

Урнатини и многу уништени куќи.  Вака изгледа зоната Кнет во Драч вториот ден по земјотресот во Албанија. Спасувачките екипи работеа на отстранување на урнатините под кои се надеваат дека  се уште има преживеани кои чекаат да бидат спасени од урнатините. Многу екипи пристигнаа од цела Европа, меѓу кои и бригадата од Скопје, чиј командант Владимир Симоновски за ТВ21 говореше за тешкотиите при акцијата за спасување.

Во моментот кога ТВ21 контактира со Симоновски, екипата се труди да создаде патека за да влезе под урнатините, во потрага по затрупаните.

Постои мала надеж дека има преживеани, поради тоа што поминаа повеќе од 24 часа од земјотресите, но тоа не ја демотивираше екипата од Македонија и Италија за да продолжат со работа.

Додека заменик директорот на центарот за заштита и спасување, Екрем Зендели за ТВ21 раскажа за спасувањето на едно затрупано лице, во Драч се вклучи алармот за земјотрес.

Освен бригадата на Македонија и Италија, со средства и нивни луѓе во Драч и Туман, има единици од Турција, Грција, Романија и неколку други земји.

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното