Балкан

„ПОДЕЛБА ЗА КОЈА СЕ БОРИМЕ“ Во текот на ноќта поставени плакати на кои е прикажана поделбата на БиХ

„ПОДЕЛБА ЗА КОЈА СЕ БОРИМЕ“ Во текот на ноќта поставени плакати на кои е прикажана поделбата на БиХ

Во текот на изминатата ноќ плакати со слика на поделена Босна и Херцеговина беа поставени во областа Тузла, Брчко и Бјелина.

На плакатите кои утринава се појавија во три града во Босна и Херцеговина беше прикажана мапа на поделената Босна и Херцеговина, а со себе ја носат пораката: „Поделбата за која се бориме“, напишана на кирилица и латиница, пишува Кликс, и пренесува Српскаинфо.

Засега не се знае кој ги поставил плакатите, а за настанот е известена и полицијата во сите градови каде што се наоѓаат.

– За настанот е известен кантоналниот обвинител, по чија инструкција полициските службеници ги преземаат потребните мерки и дејствија за откривање на лицата кои ги поставиле плакатите – потврдија од Полициската управа на МУП Т.К.

Она што може да се забележи е дека авторите на плакатите ги избрале градовите во кои на одреден начин ќе се појават плакатите, со оглед на тоа дека се работи за Тузла, која е во Федерацијата Босна и Херцеговина, Бјелина во Република Српска и Област Брчко.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни