Свет

Подготовките на Русија за Денот на победата: Огромна нуклеарна ракета на Црвениот плоштад во Москва

Подготовките на Русија за Денот на победата: Огромна нуклеарна ракета на Црвениот плоштад во Москва

Новите снимки ги прикажуваат подготовките на руската војска за големата воена парада што ќе се одржи во Москва во понеделник, 9 мај, додека Русија го слави Денот на победата над нацистичка Германија.

Според британските медиуми, меѓу куп воени возила и опрема во центарот на Москва е забележана термонуклеарна ракета РС-24 Јарс. Станува збор за проектил тежок речиси 50 тони, кој може да носи до 10 боеви глави.

Интерконтиненталната балистичка ракета може да лета со брзина од 24.500 км/ч и има дострел од 12.000 километри, што значи дека е способна да го погоди Лондон за неколку минути по истрелувањето.

Британското Министерство за одбрана не сакаше да ја коментира руската ракета видена денеска на Црвениот плоштад.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни