Подготвени да, но не сега предвремени избори, политичките партии фокусирани на Евроатласките интеграции

Државјанството за Албанците да гласи “на  Македонија“ а не “македонско“, еднаквата грижа за сите граѓани од Македонија во дијаспората како и означување на етничката припадност во личните карти. Ова се трите точки кои беа договорени меѓу Владата и Беса, која во замена даде два гласа за уставните измени. Но каква гаранција доби Беса дека овие точки ќе бидат спроведени?

„Прашањето за државјанството кое влијае на 5 закони, уставната норма која ја имаме внесено, е гаранција, која задолжително, врз основа на Преспанскиот договор, кога ќе се отворат овие закони, ќе треба да се консултира овој член од законот за да се спроведе договореното. Што се однесува до законот за дополнителна графа во личните карти, тоа исто така се регулира во рамки на овие измени бидејќи знаеме дека еден од тие 5 закони е законот за лични документи, односно, законот за лични карти“, изјави Аријант Хоџа, генерален секретар на Движење БЕСА.

Текстот од договорот меѓу Беса и Владата е ист како тој кој беше објавен на официјалната веб страна на Владата. Тоа е гаранција и  одговорноста за спроведување е на Владата, вели Хоџа, додавајќи дека Беса ќе продолжи да го набљудува менувањето на сите закони. Временските рокови се исти како тие кои се предвидени со Преспанскиот договор.

„Овој договор има меѓународна гаранција и дури и да не зависи од постигнатиот договор со Владата, тие се обврзани да ги почитуваат роковите со Грција и овие прашања треба да се реализираат во предвидениот рок со Преспанскиот договор“, додаде Хоџа.

Деновите пред уставните измени на 11 јануари, беа полни со тензии, бидејќи Движење Беса, нејзините два пратенички гласа ги услови со барања кон Владата. Заев без овие два гласа имаше само 79 гласа, а беа потребни 80 за ратификација на Преспанскиот договор  во Македонија.

РЕПОРТЕР: БЕСИР АРИФИ

Извор: ТВ21