Свет

Подморницата Титан е дизајнирана така што по 24 часа автоматски исплива на површината

Подморницата Титан е дизајнирана така што по 24 часа автоматски исплива на површината. Ова го изјави инвеститор во проектот за Си-Ен-Ен.

„Титан“ се држи под вода со помош на баласт – тегови кои исто така придонесуваат за стабилноста на бродот. Нивниот уред е таков што по 24 часа автоматски се исклучуваат и подморницата плови сама.

Еден начин да се олабави баластот е ако екипажот го заниша бродот. Втората опција е да се користи пневматска пумпа за да се откачат тегови.

Ако сето тоа не функционира, јажињата за баласт се распаѓаат сами по 24 часа.

Ноќно студио

Најнова епизода

Дали системот реагира навреме? Ноќно студио со обвинителката Спасенка Андонова

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни