Погледнете како изгледа најголемиот оркестар во светот

Венецуела е официјално призната како Гинисов рекордер со најголемиот оркестар во светот, откако илјадници локални музичари го изведоа „Словенечкиот марш“ на Илич Чајковски.

На 14 ноември, околу 12.000 музичари свиреа 12-минутно парче од Чајковски под диригентство на Андрес Давид Аскани пред жирито на Гинис.

Околу 260 вработени во ревизорската куќа КПМГ беа задолжени да следат дали музичарите ги почитувале правилата.

Илјадници музичари се собраа на јавната венецуелска програма наречена „Ел система“ (Систем), основана во 1975 година за да го направи музичкото образование подостапно за илјадници деца.

Музичкиот директор на Париската опера и филхармонијата на Лос Анџелес, Густаво Дудамел, е еден од најпознатите студенти од таа програма.

Претставник на Гинисовата книга на рекорди вчера на церемонија во седиштето на Ел Система потврди дека иницијативата за соборување на рекордот на најголемиот оркестар во светот била „успешна“.

„Официјално сте неверојатни“, рече тој.

Така, Венецуела ја презеде титулата најголем оркестар кој од 2019 година го држи руски оркестар од 8.097 музичари.

Видеото можете да го погледнете ТУКА!