Балкан

Погребот на Ратко Младиќ отвори нови тензии меѓу Белград, невладиниот сектор и Брисел

Погребот на Ратко Младиќ отвори нови тензии меѓу Белград, невладиниот сектор и Брисел

Погребот на поранешниот командант на Војската на Република Српска, Ратко Младиќ, закажан за в понеделник на Топчидерските гробишта во Белград, предизвика остри реакции во јавноста и дипломатските кругови. Неговото тело беше пренесено во Србија со владин авион, а ковчегот го носеа припадници на српската армија.

И покрај законските одредби според кои на правосилно осудени лица им се одземаат чиновите и правото на воени почести, властите најавија дека ќе ги исполнат сите барања на семејството. Од Фондот за хуманитарно право реагираа дека оваа поддршка од државата претставува величање на осуден за воени злосторства, додека семејството тврди дека Младиќ починал поради лош третман во Хаг.

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека нема да присуствува на погребот поради однапред закажана официјална посета на претседателот на Узбекистан, а Европската Унија предупреди дека внимателно ќе ги следи сите постапки на српските власти.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни