Македонија

„Поинаку“ доби 3 претставници во советот, СДСМ со 12.000 гласа помалку за советници во Битола

Независна група на советници во Советот на Општина Битола, предводени од Габриела Илиевска, на вчерашните локални избори освоија три советнички места во битолскиот совет, за разлика од претходните локални избори, на кои „Поинаку“ освои двајца советници.

Битолчани, големо ФАЛА!
Заедно со Вас растиме од 2017 година, па наваму!
2017 година -2969 гласа 2 советници
2021 година- 4329гласа 3 советници
Нема да ја изневериме Вашата доверба!
Секогаш Ваши, Поинаку!, порачаа оттаму.

Додека довербата во независните кандидати расте, СДСМ забележаа огромен пад во гласовите за нивните советнички листи. Па така, ако на изборите во 2017 година со 26.555 гласа имаа 50,65 отсто учество во Советот во Битола, догинава тој број е драстично помал.

За советниците од коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ гласаа 14.303 битолчани односно 31,30% од гласовите.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни