„Поинаку“ соопшти дека од денеска ја започнаат постапката за собирање на потребните 350 потписи за листа на советници во советот на Битола. Собирањето на потписите е до 30 август секој ден во периодот од 08 до 20 часот во просториите на Државна изборна комисија во Битола (зградата на поранешна општина Борово).
Листата носи наслов “Група избирачи-за членови на совет на Општина Битола-Габриела Илиевска”.
„Денес е денот кој сите заедно го очекувавме и за кој работевме секојдневно изминатите 4 години. Ќе ни претставува посебна чест и признание доколку Вие и Вашите најблиски го дадете Вашиот потпис за поддршка на нашата листа за советници за претстојните локални избори 2021 година. Ве повикуваме да ја дадете шансата за учество на овие локални избори за единствената листа составена во Битола од Битолчани. Листата носи наслов “Група избирачи-за членови на совет на Општина Битола-Габриела Илиевска” Со вас понесете лична карта или пасош за идентификација“, објавија од „Поинаку“.