Познатиот актер Џеф Бриџис на својата интернет страница посочи дека бил заразен со ковид-19 во месец јануари и престојувал во болница со недели.
Тој додава дека тоа се случило во истовреме додека бил и на хемотерапија за ракот, а заразена била и неговата сопруга Сузан Гестон.
Според неговото сведоштво, неговата сопруга била во болница пет дена, додека пак тој бил пет недели.
„Причината поради којашто бев таму толку долго е тоа што мојот имунолошки систем беше истрошен од хемотерапијата. Мојот ’танц‘ (со Ковид-19) направи мојот рак да изгледа како шега“, додава тој.
Актерот објави и дека неговиот рак е во фаза на ремисија. Нему му беше откриен лимфом минатиот октомври.
