Политичарка од Нов Зеланд на породување отишла со велосипед

Пратеничката од Нов Зеланд, Џули Ана Гентер, избрала необичен начин да стигне до болница за нејзиното породување. Политичарката се качила на велосипедот и отишла во болница иако веќе имала болки и се породила еден час подоцна.

„Одлични вести!“, објави пратеничката на својот Фејсбук профил неколку часа подоцна.

„Утрово во 3 часот и 4 минути наутро го пречекавме најновиот член на семејството. Искрено не планирав да се породам, но на крајот се случи. Моите контракции не беа толку лоши кога тргнавме во 2 часот по полноќ за да одиме во болница – иако бевме оддалечени 2-3 минути, тие се интензивираа и стигнавме 10 минути подоцна“, напиша Гентер.

Таа додава дека сега имаат здраво, среќно бебе кое спие.