Свет

„Политико“: Украински пилоти ќе се обучуваат да летаат со Ф-16 во Романија

„Политико“: Украински пилоти ќе се обучуваат да летаат со Ф-16 во Романија

Коалицијата на западните земји ја гледа Романија како можна локација за обука на украински пилоти да управуваат со борбени авиони Ф-16. Земјите на НАТО се поблиску до започнување програма која би можела да испрати борбени авиони на украинското небо за неколку месеци, објави Политико, според три лица запознаени со планирањето.

„Романија е едно од местата каде што коалицијата бара да спроведе обука“, рече западен функционер кој, заедно со сегашен и поранешен функционер на американското Министерство за одбрана, зборуваше под услов да остане анонимен.

Во тек е работа на постигнување договор за спроведување обука на пилоти на борбени авиони во Романија, рекоа сегашни и поранешни претставници на Пентагон. Локхид Мартин, кој го произведува Ф-16, најверојатно ќе ја спроведе обуката, додаваат тие.

Портпаролот на Локхид укажа на коментарите на главниот оперативен директор на компанијата, Френк Сент Џон, оваа недела дека компанијата е подготвена да ги обучува украинските пилоти да летаат и да го одржуваат Ф-16 веднаш штом западните земји се согласат да ги испратат.

Деталите за програмата за обука бавно се појавуваат откако претседателот Џо Бајден ги одобри напорите минатиот месец. Холандија и Данска ги предводат мултинационалните напори за обука, но партнерите сè уште не одлучиле кои земји ќе ги обезбедат авионите потребни за обуката.

Ноќно студио

Најнова епизода

Зошто политичарите ги отвораат вестите, а проблемите на граѓаните остануваат во втор план?

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни