Свет

Полицаец повреден додека ја обезбедувал колоната на Џеј Ди Венс

Полицаец повреден додека ја обезбедувал колоната на Џеј Ди Венс

Полициски службеник е сериозно повреден во несреќа додека ја обезбедувал колоната на потпретседателот на Соединетите Американски Држави, Џ.Д. Венс, во Меривил, Тенеси, соопштија официјални лица.

Полицискиот службеник од Меривил, Џастин Браун, и еден државен полицаец биле вклучени во инцидентот „за време на мисија за заштита на повеќе агенции“, соопштија официјални лица од Меривил.

Полициската управа од Меривил им се заблагодари на граѓаните кои пружиле прва помош на местото на настанот, објави ABC News.

Ноќно студио

Најнова епизода

Дали системот реагира навреме? Ноќно студио со обвинителката Спасенка Андонова

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни