Полицаец денеска со службениот мотор налетал на пешак во Карловац, по што починал.
Полицаец со својот службен мотор налетал на пешак во Карловац, по што пешакот им подлегнал на повредите, пишува „Вечерњи лист“. Несреќата се случила околу 17 часот и 15 минути, а во моментот на несреќата дежурал полицискиот службеник.
Пешакот со повреди бил пренесен во Општата болница во Карловац. Истрагата што ја води Жупаниското државно обвинителство во Карловац е во тек.
Полицаец на мотор налетал на пешак кој бил смртно повреден“, потврди полицијата.