Полициските службеници во Лидс доживеале необична несреќа кога го паркирале возилото во пешачката зона.
Имено, при една интервенција имале намера да ги преместат продавачите на зачини, но ги вознемирила сообраќајка со возило чија предна страна била подигната од подвижни столбови кои излегуваат од тротоарот и го спречуваат преминувањето на автомобилите, наведува Вечерњи лист.
Луѓето кои беа во близина слушнаа силен звук, а потоа видоа дека целиот фронт на полицискoто „Пежо“ е подигнат на столбови.
„Застанаа за да ги преместат продавачите на зачини, а откако излегоа од возилото, столбовите беа подигнати и нивниот автомобил заглави. Полицајците беа збунети, а продавачите врескаа од смеа“ – изјави уличниот продавач Сол Вебстер (23), кој исто така го сними настанот.
Полицијата соопшти дека возилото треба да се поправи.
