Полиција и пазарна инспекција влезе вечерва во „Мош“ – сопственикот казнет со 4.000 евра

„Мош Кафе“ продолжи да ја организира забавата и вечерва, иако во текот на денешниот ден беше објавено дека Пазарниот инспекторат поднесе кривична пријава затоа што во петокот вечерта е забележана група луѓе без физичко растојание.

Се вчитува...

ТВ21 беше на терен вечерва и забележа дека пазарниот инспекторат заедно со десетици полицајци влегоа во оваа кафеана. Тие потврдија дека протоколите се прекршени, додека сопственикот на ресторанот ќе биде казнет со 4 илјади евра.

Синоќа и вечерва во истиот бар имаше музика во живо од српскиот пејач Владо Георгиев. Претходно видеа со луѓе собрани без растојание беа објавувани на социјалните мрежи. Ресторанот наместо да биде затворен, продолжи да организира забави.

Според информациите на ТВ21, барот ќе биде затворен следната недела, бидејќи инспекторот кој го имал овој случај е изолиран.

.

Извор: ТВ21