Полициски службеници ќе одат на единствената адреса на Мухамед Зеќири за да го спроведат во суд, откако тој самиот не се пријавил по поканата испратена од судот.
„По добивање на предлогот, во Законски предвидениот рок судија на претходна постапка, согласно одредбите од ЗКП издаде наредба до надлежната ПС за спровод на осомничениот и тоа на единствената адреса посочена во предлогот. Откако, осомничениот ќе биде изведен пред судијата и ќе се произнесе во однос на предлогот на Јавниот обвинител ќе биде изготвено решение за кое странките и јавноста ќе бидат благовремено известени“, се вели во соопштението испратено од Судот.
Основното јавно за гонење организиран криминал и корупција до судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор против едно лице заради постоење основано соменение за сотрено кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување со детали објавени со во соопштението на ОЈО ГОКК.