На 23.10.2021 во 09.30 часот на ул.„Стево Филиповиќ“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода К.Г.(19) од Куманово. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициски службеници пронашле и одзеле марихуана, семки и делови од стебла од растението канабис и саксија со растението канабис. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 23.10.2021 во 23.20 часот на влезот на Виница, полициски службеници од ОВР Виница ги лишиле од слобода М.Е.(24) и М.Д.(25), двајцата од Виница. При преглед во патничко возило „цитроен“, управувано од М.Д., во кое сопатник бил М.Е., биле пронајдени и одземени марихуана, ризла и предмети со остатоци од марихуана. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.