Француската полиција и го ликвидираше терористот кој уби три лица на божиќниот саем во Стразбур во вторникот. Тој одеднаш почна да пука, по што покрај трите загинати, повредени беа десетина лица.
Полицијата уште во истата вечер тргна во потрага за него. Евакуирани беа и делови од градот. Информациите до полицијата одеа до таму дека терористот се крие во Германија, па беше засилена контролата на француско – германската граница.
Напаѓачот беше Шериф Шакат, а во неговата потрага беа уапсени пет лица.