Полицијата во Мостар во вторникот попладне контактирала со 20-годишна девојка која ја барал нејзиниот татко, јавува Дневни аваз.
Според полициската управа на Мостар, девојката рекла дека по своја волја го напуштила домот и дека се омажила и дека нема потреба од потрага.
Таа, исто така, и кажала на полицијата дека била во областа Добој.
Нејзиниот татко го пријавил исчезнувањето во понеделникот, а потоа ја известил полицијата како дознал „дека неговата ќерка е некаде во Врапчиќ“.
Полицијата веднаш реагирала, но девојката не била пронајдена на адресата во тоа мостарско предградие, а после тоа била распишана потрага во која биле вклучени и други полициски агенции.
