Полицијата од дома го зеде Борисов, адвокатот вели дека ништо не му кажуваат

Црн џип го изнесе од својот дом лидерот на ГЕРБ и поранешен премиер Бојко Борисов, откако вечерва беше извршен претрес под обвинение за злоупотреба на фондовите на ЕУ.

Неговиот адвокат Менко Менков истакна дека Борисов најверојатно ќе биде задржан 24 часа.

„Не ми покажуваат никакви документи, освен протколот за претрес. Моментално не е обвинет за ништо. Извршен е само претрес во неговиот дом“, рече адвокатот Менко Менков.

Според него, се очекува апсење и на поранешната шефица на владината прес-служба Севдалина Арнаудова.

Претходно, на адвокатот не му беше дозволен влез во куќата на Бојко Борисов.

  • Целата ситуација ја следиме во живо

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното