Дванаесет мигранти, шест од Сирија и шест од Авганистан, меѓу кои и едно дете, вчера беа пронајдени во камион со црногорски регистарски ознаки на граничниот премин.
Како што информираат од МВР, инцидентот се случил вчера во 08:30 часот, кога возачот на возилото П.В. (34) од Црна Гора, се осудил дека слушнал гласови на приколката. По проверките откриени се 12 илегални имигранти.
Мигрантите беа испратени на понатамошна постапка во Центарот за преоден прием во Гевгелија.