Во куќата на музичарот Мерлин Менсон упаднала полиција, односно истражители од Лос Анџелес, кој наводно заплениле дискови за истрагата и обвиненијата дека сексуално злоставувал повеќе жени, пренесува Daily Mail.
Ева Хименез, заменик шерифот, потврди дека на 52-годишниот Мерилин му била предадена наредба за претрес во неговиот дом во Западен Холивуд и дека детективите почнале да го испитуваат поради пријавување семејно насилство во периодот од 2009 до 2011 година во Западен Холивуд, каде што живеел во тоа време, за што беше пријавен од неговата поранешна Еван Рејчел Вуд.
Според TMZ, рацијата во неговиот дом е поврзана со обвинувањата за напади кои Менсон ги негира.
Детективите од Специјалната единица за жртви, наводно, отишле во куќата во понеделникот рано наутро со налог за претрес и заплениле хард дискови, кои ќе бидат разгледани пред да се поднесе случајот до Окружниот обвинител во Лос Анџелес.
Идентитетот на сите жени инволвирани во случајот не е откриен, но неколку оваа година јавно изјавија дека Менсон физички, сексуално и емоционално ги малтретирал, а некои поднеле и тужби.
Тие изјавија дека Менсон наводно ги заклучил во мала, звучно изолирана стаклена соба во куќата, која ја нарекол „соба на лоши девојки“. Жртвите утврдиле дека тој просторот го користел како самица за психичко мачење на жените.
Да потсетиме, Мерлин Мендон застана на насловни страници во февруари 2021 година, кога пејачката Фили Бриџис тврдеше дека го посетила неговиот дом како тинејџерка, а тој ја прошетал во една од собите наречена „соба за силување“.
Мерилин отсекогаш ја заинтригирала јавноста.
