Полицијата трага по Љ.П., кој е во бегство

Полицијата трага по лицето Љ.П. попознат како Палчо, кој е во бегство.

Според неофицијални информации на 4news.mk станува збор за познато лице кое е и претседател на политичка партија „Трета“

Неофицијалните извори велат дека токму тој е нарачател на убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска, бидејќи осомничените го посочиле него кога биле приведени.

Тој е еден од петтемина, осомничени за убиството, чие тело беше пронајдено денеска во околината на Скопје.

Трите лица кои што се уапсени се уште се на распит, па се очекува да бидат спроведени во Кривичниот суд.

За убиството на Вања и на велешанецот Панче Жежовски (74) се товарат истите петмина, од кои тројца се уште се на распит, па се очекува да бидат спроведени во Кривичниот суд.

Вања била убиена истиот ден кога е пријавено нејзиното исчезнување на 27. Ноември во понеделникот во 7.35 часот. Ја убиле околу 10.00 часот.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното