Царинските службеници во соработка со полицијата на граничниот премин Прешево спречија патник да пренесе два скапи рачни часовници преку граница без пријавување, спакувајќи ги во кеса со грицки.
Случајот бил откриен на влез во земјава, кога на детален преглед бил издвоен „ролс ројс“ со странска регистрација, во кој патувал само возачот.
При контролата, цариниците и полициските службеници пронашле и два рачни часовници „ролекс дејтона“ во торба со грицки и освежителни пијалоци зад задното седиште.
Вкупната вредност на часовниците се проценува на над 70.000 долари, што кога ќе се претвори во евра е нешто повеќе од 65.000.
Со пресуда на надлежен суд за прекршоци е одземена непријавена стока.
