Останува неизвесно дали ќе се дозволат свадби и други забави во ресторани и во затворени простории.
Владата утре ќе донесе одлука за заштитни и рестриктивни мерки, но не е познато дали ќе се најде на дневен ред барањето на гастрономите кои со недели протестираат пред Владата.
Тие бараат од Независната хотелска комора да не им го ограничува работното време, да дозволи музика во живо, повеќе луѓе на маса, но и организација на поголеми забави според одредени протоколи.
Министерот за економија, Крешник Бектеши, најави можност за олеснување на работата на гастрономите до крајот на мај, но таквата одлука за овој сектор сè уште е во тек.
Како што јави ТВ21, повикувајќи се на потврда од Министерството за здравство, и покрај намалувањето на бројот на заболени од коронавирус, нема да има олеснување на рестриктивните мерки. Тие апелираат да се почитуваат постојните мерки, додека за барањата на сопствениците на хотелски објекти сè уште нема официјално решение.