Вработените во Министерството за внатрешни работи добија плата. На протестите кои се одржаа пред 2 дена меѓудругите барања беше и исплатата на последната плата за месец септември.
„Имаме плати што се пониски од еден вработен минималец што зема плата. Под минималец сме. 12.000 денари плата. Со тоа ли ќе храниме фамилија? Доста беше! И ние сакаме подобар живот“, се пожалија на протест од независниот полициски синдикат.