Независниот полициски синдикат на протест. Ова се нивните барања:
„Колективни договори според ЕУ, покачување на плати од 25% на редовната, судската, шумската и затворската полиција“, рече Гоце Делчев Тодев од независниот синдикат на полицијата.
Велат дека не ја добиле ниту платата за месец септември. Испратија и ултиматум.
15 денови имаат рок серизно да ги разгледаат нашите барања во спротивно правиме парализа на цела држава.
Со блокирање на булевари протестот го продолжија пред Собранието.
Таму ги пречекаа нивните колеги, но од другата страна на оградата и на службена должност. Не им се приклучија.
Протестот продолжи пред Министерството за правда. Имаше и закани.
„Министере за правда, решавајте ги проблемите инаку нема да бидеме мирни“
Имаа и меѓународна поддршка.
„Од името на синдикатот на затворските работници во Бугарија бараме македонските власти да ги исполнат брањата на синдикатите од секторите безбедност. Да ги докажат намерите за европски развиток. Само успех, заедно можеме повеќе“, истакна претседателот на бугарскиот синдикат на затвори.
„Тука е и судската полција. Правилникот кој ни го ветуваше Министерката треба да се донеси. Додатоците мора да ги земиме. Министерке, тука сме сите, ајде ве чекаме“
„Имаме плати што се пониски од еден вработен минималец што зема плата. Под минималец сме. 12.000 денари плата. Со тоа ли ќе храниме фамилија? Доста беше! И ние сакаме подобар живот“.
Од МВР за ТВ21 велат дека до нив не било побарано за одржување средба на синдикатот со министерот.
„Во врска со протестот на Независниот полициски синдикат Ве информираме дека од нивна страна не е доставено барање за средба со министерот Спасовски. Доколку такво барање пристигне во престојниот период, министерот Спасовски стои на располагање за реализација на средба со нив, како и секогаш досега.“, велат од МВР.
Синдикалците не отстапуваат од нивните барања, а најавија и протести со шатори,
„Ако не се реши нашиот статус од утре и со шатори ќе останеме тука. Еднаш за секогаш да се знае за кого работи затвроската полиција“
Денешниот протест заврши пред зградата на Владата.
