Полска купи 32 хеликоптери од италијанската компанија „Леонардо“

Полска потпиша договор вреден 8,25 милијарди злоти (1,83 милијарди долари) за нарачка на 32 хеликоптери AW149 произведени од италијанската компанија Леонардо, изјави полскиот министер за одбрана Мариуш Блашчак, цитиран од Ројтерс.

„Договорот е за купување на 32 хеликоптери AW 146, што е еквивалентно на две ескадрили, а првата од нив ќе стапи во служба во полската армија следната година“, рече Блашчак.

Се вчитува...

Хеликоптерите ќе ги гради компанијата PZL Swidnik, најголемиот производител на хеликоптери во Полска, кој во 2010 година стана сопственост на Леонардо.

Поради војната во Украина, Варшава ги модернизира своите вооружени сили и сака да го зголеми буџетот за одбрана за повеќе од 3 отсто од БДП од следната година.