Полска планира да испрати компанија тенкови Леопард во Украина како дел од изградбата на меѓународна коалиција, изјави полскиот претседател Анджеј Дуда за време на посетата на западниот украински град Лавов, цитиран од Ројтерс.
„Благодарност до Анджеј Дуда и Гитанас Науседа за посетата“, напиша во Телеграм украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој во Лавов се сретна со претседателите на Полска и Литванија.
Зеленски учествуваше на средбата во Лавов, на која се разговараше за ситуацијата долж границата со Белорусија.