Полската атлетичарка Влодарчук испиша историја

Анита Влодарчук, полска атлетичарка во фрлање кладиво, денеска ја освои олимписката титула на Игрите во Токио и испиша историја.

Имено, таа стана првата жена во историјата со три златни медали во атлетските дисциплини.

Покрај нив, Влодарчук има и четири светски титули, а воедно е и актуелен светски рекордер.

Полската атлетичарка триумфираше попладнево исфрлувајќи го кладивото на далечина од 78.48 метри, пред Женг Ванг од Кина, која со 77.03 метри го освои сребрениот медал и третопласираната сонародничка Малвина Копрон (75.49).