Полскиот премиер: Најблиску сме до војна од Втората светска војна

Полскиот премиер Доналд Туск изјави дека неговата земја е поблиску до вооружен конфликт отколку во кое било време од Втората светска војна, објави Скај њуз.

Туск рече дека Варшава побарала активирање на Член 4 од НАТО и нагласи дека на Полска ѝ се потребни поконкретни мерки отколку само изрази на солидарност.

Член 4 ѝ дозволува на секоја членка на Алијансата да го постави прашањето на дискусија во рамките на блокот, но не подразбира воен одговор.

Според него, во текот на ноќта биле регистрирани 19 упади во полскиот воздушен простор, а четири дронови биле соборени.

Голем број дронови пристигнале од правец на Белорусија, додаде Туск.

Читај и ова:

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.