Полските безбедносни служби разбија група Руси и Белоруси кои се обидоа да се инфилтрираат во други институции преку сајбер упад во системите на Полската антидопинг агенција и да добијат чувствителни податоци кои подоцна ќе ги користат руските и белоруските разузнавачки служби за уцени Полјаци и институции, рече Полјакот вицепремиерот Кшиштоф Гавковски.
„Спречена им е целта да внесуваат и земаат податоци и подоцна да уценуваат. Тие групи имаа намера политички, воено и економски да ја парализираат Полска“, изјави денеска за новинарите вицепремиерот за дигитализација Гавковски.
Покрај државните институции, на мета беа и локалните самоуправи и полски компании од одбранбениот и безбедносниот сектор.
Во разбивањето на оваа мрежа на саботери, како што ги нарече Гавковски, соработуваа Воено-разузнавачката служба, контраразузнавачката цивилна агенција за внатрешна безбедност и академската мрежа за следење на интернетот и сајбер просторот НАСК.
„Белоруските и руските тајни служби имаа јасна цел да добијат информации и да ги искористат за уценување поединци и разни институции и на тој начин да водат сајбер војна. Со месеци забележуваме зголемена криминална активност во сајбер просторот“, рече Гавковски.
Во првите шест месеци од оваа година биле пријавени над 400.000 сајбер напади, а службите интервенирале околу 100.000 пати.