Поништена постапка за набавка, но таблиците во боја за службените коли ќе се нарачаат од претходниот тендер

Министерството за внатрешни работи ја поништило тендерската постапка за набавка на регистарски таблички, но тоа не значи дека службени автомобили нема да добијат црвени таблици, бидејќи тие ќе се нарачаат од претходниот тендер.

Инаку во моментов на поништениот тендер се поднесуваат жалби кои се разгледуваат пред Државната комисија за жалби.

Паралелно, Владата на Република Северна Македонија донесе одлука сите службени возила да добијат специјални таблички во боја, црвени, најдоцна до 15 септември 2025 година, со цел поголема транспарентност и спречување злоупотреби.

Дополнително, ќе се воведе специјален регистар на државните автомобили, кој ќе овозможи прецизна евиденција за местоположбата и користењето на секое службено возило.