Попладнево делови од Охрид, Кичево и Црвена Вода останаа без струја

Попладнево делови од Охрид останаа без електрична енергија, а струја нема ниту на аеродромот во Охрид, што создава дополнителни проблеми за сообраќајот и услугите на летовите.

Погодени се и околните места, вклучувајќи ги Кичево и Црвена Вода, каде исто така нема струја.

Граѓаните што се обидуваат да добијат информации од ЕВН, при повик на нивниот контакт-центар, добиваат потврда дека моментално нема струја во овие подрачја, но не се наведува точниот рок за нормализирање на снабдувањето. 

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.