Попладнево пукање во Чаир

Попладнево во Чаир на улицата Цветан Димов имало пукање. Од МВР за ТВ21 ја потврдија веста.

“На 20.11.2020 во 14.55 пријавено е пукање од огнено оружје на ул.“Цветан Димов“ пред продавница за автоделови. До сега нема пријавено повредени лица. На местото на настанот се пронајдени чаури од огнено оружје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.”, соопштија од МВР.

.

Извор: ТВ21