Поројните дождови усмртија најмалку едно лице во Лисабон, однесоа автомобили и поплавија згради, објави Ројтерс.
Португалската метеоролошка агенција издаде црвен код за опасно време во главниот град, во соседната област Сантарем и во јужната провинција Алгарве поради интензивните врнежи од дожд и силните ветрови кои се очекува да продолжат до утре.
Канцеларијата за цивилна заштита извести за голем број инциденти во Лисабон, вклучувајќи поплавени улици, станици, театар, па дури и болница. Има затворени патишта и тунели.
Снимката покажа дека делови од аеродромот во Лисабон се поплавени и два лета пренасочени кон други аеродроми.
Педесет и петгодишна жена се удави во поплавен подрум во град во близина на Лисабон. Нејзиниот сопруг е спасен, изјави шефот на службата за цивилна заштита Андре Фернандес. „Ги повикуваме луѓето да не ги напуштаат своите домови во овие периоди на обилни дождови“, рече тој.