Свет

Поплави во Истанбул

Поплави во Истанбул

Обилните дождови предизвикаа големи поплави во Истанбул, јави турската државна телевизија ТРТ-Хабер.

Најлоша е состојбата во истанбулското предградие Силиври, каде многу улици и булевари се целосно под вода.

Поплавени се канцелариите и приземјето. Голем број автомобили останаа заглавени. Поради обилните врнежи, сообраќајот во Силиври беше сериозно отежнат.

Продолжуваат напорите на екипите за одводнување на општината.

Метеоролозите предупредуваат дека во среда и четврток ќе продолжат обилните врнежи во Истанбул.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио за изборите во Србија и Бугарија со Синиша Пекевски, Игор Бесермењи и Румен Скрински

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни