Свет

Поплави во Нов Зеланд – три лица загинаа, две се исчезнати

Поплави во Нов Зеланд – три лица загинаа, две се исчезнати

Рекордна количина дожд наврна во најголемиот град на Нов Зеланд. Дождот во Окленд предизвика смрт на три лица, а две се водат за исчезнати, јави Асошиејтед прес, повикувајќи се на полицијата.

Вчера градот со околу 1,6 милиони жители постави рекорд за најголем број на врнежи. На некои места паднаа повеќе од 15 сантиметри за само три часа.

Телата на двајца мажи се пронајдени во поплавените подрачја. Трет маж се бара откако надојдените води го однеле, а уште едно лице се води за исчезнато откако одрон зафатил куќа.

Врнежите предизвикаа голем број проблеми во Окленд. Спасени се 126 лица затрупани во куќи и автомобили.

Властите на Нов Зеланд прогласија вонредна состојба во областа на најнаселениот град во земјата.

Аеродромот во Окленд го ограничи бројот на летови што ги опслужува откако авион за слетување го оштети осветлувањето на пистата.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни