Попова Шапка заборавена, „ЕЛЕМ“ ќе ја праша Владата што да прави со „ЕЛЕМ-Турс“

Рекреативниот центар на Попова Шапка е заборавен, а тоа го признава и самата влада. Со текот на времето, проблемите само се трупале, а до сега не е најдено долгорочно решение.

За деталите Владата не упати кај ЕЛЕМ. Од таму велат дека анализата многу брзо ќе биде испратена во владата од каде ќе чекаат мислење што да прават со ЕЛЕМ-Турс, која од основањето е во загуба.

Се вчитува...

„Се прави анализа за состојбата на Елемтурс и информација за тоа, која ЕЛЕМ треба да ја испрати до владата и да добие насоки за понатамошно делување во однос на фирмата-ќерка Елем турс, која работи со потешкотии и загуби од самото нејзино основање во 2012г.“ – АД ЕЛЕМ.

Всушност, премиерот Зоран Заев уште во септември го објасни ова прашање.

„ЕЛЕМ-Турс“ менаџира неколку туристички капацитети, меѓу нив и Попова Шапка како најголема филијала за која има ингеренции. Директорoт na ELEM-Турс, Џемаил Јусуфи во телефонски разговор телефон рече дека причините за нефункционирањето на овој туристички центар е застарената технологија. “Правиме напори, според нашите ограничени можности да ја одржуваме старата инфраструктура“, вели Џемаили.

Граѓанската иницијатива “Да ја спасиме Попова Шапка“ побара до сабота Премиерот да ја посети оваа туристичка зона, но од владата денеска ни рекоа дека се уште не можат да го потврдат тоа со оглед на тоа што на агендата се уставните измени.

Еден од најголемите проекти на ЕЛЕМ на Попова Шапка е жичарата со 6 седишта која веќе 4 години е во изградба. Од ЕЛЕМ велат дека жичарата со 6 седишта е во завршна фаза, но претставниците на компанијата изведувач од Италија не се дојдени од Италија за да ги завршат завршните процедури, затоа и оваа зимска сезона Попова Шапка ја дочека без жичара.

РЕПОРТЕР: БЕСИР АРИФИ

Извор: ТВ21